По неодамна добиениот резултат од ЦЈЗ-Кочани за денешното мое тестирање на Ковид-19, ја споделувам официјалната информација дека истиот е позитивен, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Нагласи дека здравствена состојба му е стабилна, без значителни симптоми.
-Очекувам брза нормализација и успешно надминување на оваа непријатна состојба. Следниве неколку денови ќе ги поминам во домашна изолација и во меѓувреме своите работни обврски во голема мера ќе ги извршувам онлјан преку редовна комуникација и координација со стручните служби од општинската администрација. Реализацијата на предвидените проекти ќе се одвива непречено според утврден распоред на задачи. Останете безбедни и постојано претпазливи при сè уште активната борба против невидливиот непријател, се наведува во објавата.