недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Почна имунизацијата против Ковид 19 во Струга

Почна имунизацијата против Ковид 19 во Струга

Процесот на вакцинација против Ковид-19 за пациенти над 77 години во Струга почна денеска и се реализираше одлично, заклучи директорот на Здавствениот дом, Андон Ложанкоски.

Од пријавените 40 пациенти преку системот „Мој термин“ 10-мина не се појавиле на закажаниот термин да ја примат првата доза од вакцината против коронавирусот.

Процесот на имунизација го спроведуваат два тима, на еден вакцинален пункт во Здравствен дом – Струга. Денеска, на првиот ден од вакцинацијата против Ковид 19 од пријавени 40 пациенти, 30 дојдоа на закажаниот термин и се имунизираа, изјави Ложанкоски.

Проблем, според него, денеска имало со неподвижните пациенти, но најави дека со одобрување од Министерството за здравство процесот ќе го реализираат во нивните домови.

Здравствениот дом во Струга, доби 400 дози од вакцината на „Астра Зенека“, а приоритет во имунизацијата имаат лицата над 77 години.