петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 71 пациент – вкупно се лекуваaт 514 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 71 пациент – вкупно се лекуваaт 514 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 514 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.