Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден болен, исто како и на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 122 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 131 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти. На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 28 болни.
Вкупно 515 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на 3кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 190 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаа довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.