Атмосверата во „Ѕвездите на Гранд“ секогаш е динамична, а евровизиската победничка уште еднаш покажа дека многу лесно може да се изнервира.
Овој пат вистински хаос настана кога Марија Шерифовиќ фрли столица по Вики Милјковиќ и за влакно не ја погоди.
Имено, за време на дуелот се претставија двајца кандидати, едниот на кого ментор му е Јелена Карлеуша и другиот на кој што му е Марија Шерифовиќ. Вики долго се премислувала, не сакајќи да гласа ни за едниот ни за другиот кандидат.
После размислувањето, Вики гласаше спротивно на протоколот, така што и двата кандидати имаа по пет гласови, па требаше повторно да се прегласува. Меѓутоа Вики повторно не беше одлучна.
Иако, Саша поповиќ му се обрати на Вики со зборовите дека треба да гласа за еден од кандидатите, таа тоа не го направи се до моментот кога Марија започна да вика. Острата дебата се водеше неколку минути, а кога Марија започна да вика, Вики гласаше за кандидатот на Карлеуша.
По ваквата одлука, Марија полуде, стана и ја фрли столицата дирекно на Вики која за влакно го избегна дирекниот удар. После тоа Марија Шерифовиќ сакаше да го напушти снимањето, а колегите ја смириле и ја убедиле да не прави драми.
Како што поминува натпреварувањето, тензиите меѓу членовите на жирито се зголемуваат. Причината е што за прв пат во „Ѕвездите на Гранд“ стручното жири има свои кандидати со кои работаат и треба да стигнат до финалето.
Инаку Вики не е во добри односи со Карлеуша, но до сега не се испокарала така со Марија Шерифовиќ.