Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Горан Тонев (21) од Штип.
Горан настапуваше во дуел со Харис Хрнчиќ.
Македонецот се претстави со песните „Као какао“ и „Високи штикл“. Двајцата натпреварувачи направија вистинско шоу и освоија по шест гласа.
-Не се изненадувајте, овде е возможно, рокенрол, фолк, опера, констатираше Воја Недељковиќ од собата за емоции.
Бидејќи двата кандидати добија по шест гласа, жирито прегласуваше, па Горан и Харис добија по 3 гласа при што Саша Поповиќ беше тој кој треба да одлучи кој ќе оди понатаму.
Поповиќ одлучи да направи исклучок и двајцата кандидати да ги пушти во четврти круг.
-Тројца кандидати одат директно, значи ако еден од вас помине, тоа се четири, а потоа седум кандидати треба да одат во бараж, а јас немам кој да исфрлам. Затоа нема бараж, сите поминавте. Во оваа емисија поминаа 12 кандидати, изјави Саша Поповиќ.
Горан е под менторство на Цеца Ражнатовиќ, а како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.
Неговиот настап погледнете во видеото подолу на 2:58:26.