недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение

Српските манифестации се обратија на јавноста
Извесно е дека во август нема да има фестивали: Егзит, Бирфест, Нишвил издадоа заедничко соопштение

Водечките српски манифестации меѓу кои се и Егзит, Бирфест, Нишвил, Ловфест и други, се обратија во јавноста со ново заедничко писмо, во кое порачуваат дека заради влошената епидемиолошка ситуација, извесно е дека домашните фестивали нема да се случат во август во планираниот формат.

-Ја потсетуваме јавноста дека српските манифестации се закажани за во август оваа година по препорака на надлежните органи, по драстичното опоравување на епидемиолошката ситуација во мај. Имајќи ја во предвид моменталната влошена здраствена ситуација, она што е веќе сигурно, вообичените фестивалски изданија со повеќе од дестици илјади луѓе оваа година нема да ги има. Како алтернатива за потполното откажување, разгледуваме опции со кои  фестивалите симболично би се одржале со неколку стотини, или ако здраствената ситуацијата дозволи, неколку илјади луѓе, колку е дозволено во текот на летото ширум низ Европа,  изјавиле организациите на српските манифестации, пренесуваат српските медиуми.

-Исто така, ја користиме оваа прилика да искажеме протест против сигматизација на манифестацијата како најопасен сегмент на нашето друштво. Настанот на отворено, со смален капацитет и до 99 посто во одност на вообичаен број на посетители и со примена на сите здравствени мерки, далеку се побезбедни од секојдневната циркулација на милион луѓе во трговски центри, теретани, ресторани, ноќни клубови, јавни превози и други затворени објекти, и затоа одбиваме да бидеме прогласени за легло на зараза во година која не сме ја ни одржале, посочиле организациите, пренесуваат српските медиуми.

-Како што е општо познато, туристичката и манифестационата економија се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот и се заканува со потполно гасење. Падот на туристичката економија во Србија од почетокот на годината е дури 87 посто, што ќе доведе до негативно влијание на целокупната српска економија. Манифестациите, кои претставуваат важен сегмент на српскиот туризам,  со потполното запирање, доживеа максимален пад од 100 посто.Имајќи го на предвид сето наведено, апелираме до државата и друштвото во целина да не дозволат потполно гасење на српските манифестации, со кои Србија се гордее пред целиот свет, апелираат организациите, апелираат организациите.