понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Музика

Коронавирусот го промени музичкото шоу од корен- еве што ќе се случува со „Ѕвездите на гранд“ и македонските претставници

Коронавирусот го промени музичкото шоу од корен- еве што ќе се случува со „Ѕвездите на гранд“ и македонските претставници

Стручното жири на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ повторно ќе се собере при крајот на мај, додека пак снимањето ќе биде без публика.

„Со оглед на тоа дека мерките за заштита од коронавирусот попуштија, директорот на Гранд донесе одлука да се продолжи со снимање на емисијата кон крајот на мај. Членовите на жирито добро се одморијаи сега со поголем ентузијазам ќе се вратат на работа. Водителскиот пар е исто така подготвен за снимање“ наведува извор близок до директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Снежана Ѓуришиќ пак рекла дека снимањето ќе започне од 25 мај.

Според соопштение од продукцијата снимањето засега ќе биде само со кандидати од Србија, а аудициите ќе бидат одржувани онлајн.Исто така натпреварот нема да заврши на лето како што е обично, тулку ќе продолжи од септември.

Па така од септември новите кандидати ќе им се придружат на старите, но со некои нови правила за кои продукцијата ќе ги соопшти деталите.