петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

Се одржа првата проба на детскиот Евросонг – Мила Москов е подготвена за финалето! (ВИДЕО)

Се одржа првата проба на детскиот Евросонг – Мила Москов е подготвена за финалето! (ВИДЕО)

Мила Москов блесна на првата проба на детсткиот Евросонг кој годинава се одржува во Гливице, Полска. Мила отепа и изгледаше светски.

Преостануваат уште две проби до финалето кое е закажано за во недела, каде нашата претставничка ќе настапи под реден број 4.

– Не се сомневаме дека и покрај повредата што Мила ја има на ногата, таа ќе даде се од себе и ќе имаме прекрасен настап – изјавија накусо од нашиот евровизиски тим.

Во петок ќе започне и онлајн гласањето и ќе трае до недела. Она што е различно од сениорската евровизија, тука секој ќе може да гласа за сопствената земја.

Повеќе информации околу гласањето ќе објавиме наскоро.

Погледнете како изгледаше Мила на првата проба, за која доби коментар дека изгледала величенствено!