Во последното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и нашата претставничка, убавата Сања Димова од Струмица, а нејзина менторка беше познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Младата струмичанка и покрај одличниот настап, освои ист број на гласови како и противкандидатот Стефан Томиќ од Краљево, но сепак продукцијата се реши токму на него да му дозоли да оди понатаму.
Меѓутоа жирикомисијата имаше доста пофални зборови за нашата Сања.
– Гледаме едно ведро лице со убави очи, но вечерва интонацијата не те слушала, бидејќи таа е почеток на се – кажа Шерифовиќ за нашата Сања.
– Убаво ти “ѕвони“ гласот. Во песната „Црно на бело“ беше подобра – кажа Ана Бекута.
– Преслатка, преубава, многу шумадиски трилери, но ми беше жал да имаш само два гласа – искоментира Снежана Ѓуришиќ.
– Од тебе има „штоф“, одлична ти е бојата на гласот. Неверојатно за Македонка да имаш сладок српски трилер, одличен – беше искрен Босанац.
Свој коментар на крајот имаше и нејзината менторка Цеца, таа го кажа следното за Сања:
– Таа воопшто не е „фалш“ пејач, да вечерва се случи, но поради сплет на околности. Во право беш Босанац, таа има сладок трилер и таа пее потполно атипично за една Македонка. Јас инсистирав, ете тоа може и таа да каже да пее на својот мајчин јазик за да биде послободна, но таа сакаше да пее на српски – искоментира Цеца.
Но, и покрај тоа што Сања според правилата на ова музичко натпреварување испадна, сепак постои шанса да ја видиме повторно да се натпреварува, но за тоа ќе мора да се почека уште неколку дена на конечна одлука на жирикомисијата.
Инаку по одличните настапи во „Ѕвездите на Гранд“, во Македонија е се поголем интересот за нејзини настапи, а како што дознавме, Сања заедно со својот тим веќе работи на нова песна и видеоспот.
Погледнете го нејзиниот настап: