среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Музика

ВИДЕО: Нашата Мила Москов меѓу најдобрите, шесто место за Македонија на детската Евровизија

ВИДЕО: Нашата Мила Москов меѓу најдобрите, шесто место за Македонија на детската Евровизија

Мила Москов со песната „Fire“ го освои шестото место на детската Евровизија која се одржа во арената „Гливице“ во Полска.

Бидејќи важеше за фаворит, Мила на сцената беше дочекана со громогласен аплауз, а од вкупните евровизиски поени на крајот имаше 150 кои ја донесоа меѓу најдобрите.

Автор на музиката и аранжманот на „Fire“ е нашиот плоден композитор Лазар Цветковски, додека текстот е на неговата сестра Магдалена Цветковска.

Полската учесничка Вики Габор со песната „Superhero“ е победничка на „Детската евровизија“ според гласовите на жири комисијата и на публиката.

Казахстан заврши на второто место, а третопласирана е Шпанија.