Аца Лукас последните месеци војуваше со сите колешки со кои правеше дуети, поради тоа што ги избриша песните од Јутјуб.
Меѓу нив беше и Цеца Ражнатовиќ.
Меѓутоа, Лукас решил да направи исклучок само заради Ражнатовиќ, па на Јутјуб ги вратил нивните дуети „Црни снег“ и „Не заносим се ја“.
-Вистина е дека дуетите со Цеца се симнати, бидејќи никој не може да има песна со мене на својот Јутјуб канал без да плати ништо. Јас учествував во реализацијата на сите тие песни, придонесов тие да бидат слушани, а само другите да имаат заработка. Пејачите не можат да го користат моето име без да платат ништо, изјави тогаш Лукас.
-Не бев за отстранување на нашите дуети, бидејќи Цеца е нешто друго, пред се, моја пријателка. Работиме на враќање на дуетите на нејзиниот канал на Јутјуб, изјавил пејачот во таа прилика.