Анастасија Ражнатовиќ на свадбата на Михајло Шаулиќ и Марина Велимировиќ се појави во костум на нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Цеца го носеше овој комплет во 2007-ма година за време на снимањето на една ТВ новогодишна програма.
Пејачката тогаш настапи со своите колеги меѓу кои беа Мира Шкориќ, Нада Обриќ, Зорица Брунцлик, па дури и покојниот Шабан Шаулиќ.
Сакото и панталоните на Ражнатовиќ беа комбинирани со црна ролка и чизми во иста боја, додека нејзината наследничка не носеше ништо под сакото, а имаше беж чевли на нозете.
Да потсетиме, Анастасија и Цеца дојдоа заедно на свадбата на синот на Шабан Шаулиќ, а Светлана тогаш изјави дека на младенците им посака многу деца во иднина.