Пејачката Анастасија Ражнатовиќ проговори за купувањето на попуст, а се осврна и на нејзината мајка, фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
– Последен пат кога бев во Виена купив нешто на распродажба. Па купив многу работи, имаше голема распродажба. Еве, штотуку ги купив овие фармерки! – изјавила Анастасија Ражнатовиќ на еден настан.
– Фармерките се моето омилено парче облека. Во различни модели. Ги носам истите работи повеќе пати. Да речеме, чевлите и чантите, нив секогаш го повторувам. Фустаните се друга приказна, соработувам со многу креатори, па можам постојано да ги менувам – изјавила наследничката на Цеца, а потоа открила дека мајка и позајмува од неа облеката нон-стоп.
– Често го прави тоа, постојано. На последното снимање за „Ѕвездите на Гранд“ ми ја носеше чантата. Си споделуваме. Не крадам само јас од неа – истакна таа со насмевка на лицето, а потоа открила дали штеди пари.
– Некако сум поделена личност кога станува збор за тоа… Зависи од тоа како сум расположена. Некогаш штедам и навистина се грижам, внимавам што правам, како ќе го направам, а понекогаш кога ќе ми тргне знам да потрошам многу. Но, јас тоа го заработувам, па не ми е гајле! – изгавила Анастасија за „Блиц.рс“.