среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Аркан само за мене не беше љубоморен“: Славниот фолкер проговори за односот со Цеца

„Аркан само за мене не беше љубоморен“: Славниот фолкер проговори за односот со Цеца

И денес деталите од љубовната приказна на Цеца и Аркан се прераскажуваат, како во 90-тите години од минатиот век, кога тие се заљубија и се венчаа, а еден од сведоците на нивната љубов беше нејзиниот колега Жељко Сашиќ. Тој тврди, дека за разлика од многумина, не ја почувствувал љубомората на Аркан.

Сашиќ и Цеца (тогаш уште Величковиќ) имаа голем хит во 1994 година. Успехот на песната „Ко на грани јабука“ им даде крилја за уште еден дует и тие веднаш започнаа со реализација. Тие снимија песна, на ред дојде спотот.  Сашиќ се сеќава како пристигнал да ја земе колешката, а Аркан му ја отворил вратата.

-Аркан само за мене не беше љубоморен, од сите мажи кои беа блиски со Цеца. Многу години подоцна, кога тој веќе не беше жив, сфатив колку сум всушност привилегиран поради таквата врска. Беше вистински градски мангуп и не пушташе никого во неговиот круг, вели Сашиќ, кој додава дека Ражнатовиќ многу добро разбирал што значи да се биде пејач.

-Мислам дека покрај Цеца, тој сфати колку е тешка нашата работа и што носи тоа. Затоа ја поддржа максимално, како и сите нејзини блиски колеги, се сеќава славниот фолкер.

Најнови вести