Бабата на Богдана Родиќ во едно свое интервју за српските медиуми откри несекојдневни детали од вилата на Цеца каде е мажена нејзината внука.
Имено таа пред новинарите открила дека Цеца е прекрасна.
-Од секогаш ми беше посебна и драга од сите на естрадата, се разликува од сите. Таа е дама, ма врв. Не е крената воопшто. Ја видов на свршувачката овде кај нас се запознавме, вели бабата за српскиот весник „Свет“.
Таа е културна и вистински „весељак“. Често ја посетуваше Богдана и тука кај нас додека беше бремена, бидејќи поради коронавирусот едно време внуката тука беше изолирана од сите.
-Иако имаше брдо свои обврски Цеца редовно доаѓаше да ја посети снаата и да види дали е се како што треба. Многу е пристојна, нормална и фина жена, додала бабата на Богдана.
Таа вели дека и Вељко е добар зет, културно момче, скромен.
-Такво е целото семејство. Навистина сите добро се сложуваат во вилата во која живеат на Дедиње. Мојот син (таткото на Богдана) и снаата секојдневно одат кај Богдана да го видат бебето, а Вељко е многу културен со бабата и дедото, вели таа.