понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бизнис класа за Цеца и хотел со пет ѕвездички: Пејачката доби несекојдневен роденденски подарок, еве каде ќе патува и со кого

Бизнис класа за Цеца и хотел со пет ѕвездички: Пејачката доби несекојдневен роденденски подарок, еве каде ќе патува и со кого

Светлана Ражнатовиќ го прослави својот 48-ми роденден во својата вила во присуство на бројни роднини и пријатели. Ова е само уште една во низата свечености организирани од семејството Ражнатовиќ оваа година.

А, каде што има роденден, има и подароци… И бидејќи семејството и кругот на пријатели на фолк дивата се исклучително големи, таа секоја година добива по еден куп различни подароци. Нејзе и се омилени оние што ги добива од своите деца, а нејзината ќерка Анастасија наводно и го подготвила годинешното роденденско изненадување.

„Цеца често патуваше, но поради природата на нејзината работа, не можеше да остане во светските метрополи каде што пееше. Анастасија одлучи оваа година, додека пеењето и настапите сè уште не се вратени во темпото со кое нормално Цеца работи, да ја однесе на патување во Мадрид“ – открива изворблизок до семејството.

„Анастасија го плати ексклузивниот хотел со пет sвезди во центарот на шпанската престолнина. Таму ќе престојуваат само тие две, а женското друштво ќе лета со бизнис класа. Хотелот има огромна бања која Цеца особено ја сака. Тие ќе бидат сместени во апартман со бања во спалната соба и џакузи на терасата“ – вели извор кој тврди дека Анастасија едвај се воздржала да и каже на својата мајка за нејзините планови пред нејзиниот роденден.

Најнови вести