понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бред Пит ја избрал својата девојка за наредната година, таа исплашена од шесте деца

Бред Пит ја избрал својата девојка за наредната година, таа исплашена од шесте деца

Актерката Тифани Хадиш ќе биде новата девојка на заводникот Брет Пит – доколку и двајцата бидат слободни во 2019 година. Таков договор направиле неодамна кога налетале еден на друг во лифт, а на нејзиниот шарм Пит не останал рамнодушен.

Ѕвездата на филмот „the Girls Trip” за Мирор изјави:

„Го запознав Бред во лифт. Ми рече дека ако и двајцата бидеме слободни следната година, ќе може да се забавуваме. А знаете што значи тоа. Но тој има шест деца, не знам како ќе се снајдам кога ќе станам маќеа на толку многу деца“ – изјавила за Мирор.

Кели рекла и дека нема логично објаснување зошто овој пар ќе чека до идната година.

„Тој тоа го рече, а јас не поставувив додатни прашања. Веројатно му се допаѓа ергенскиот живот, па ќе почека уште малку додека повторно не и се посвети само на една жена“.

Најнови вести