Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ наскоро ќе го изговорат судбоносното „ДА“, а Лепа Брена и Бобо планираат младите да ги израдуваат со скапоцен подарок.
Како што пишуваат српските медиуми, Лепа Брена и Слободан ја подготвуваат свадбата на младите, но не се штедат ниту за подарокот. Одлуката била донесена, младите од нив ќе бидат дарувани со стан.
Извор близок до семејството за „ВИП“ открива дека славните сопружници дошле на оваа идеја набрзо откако идните младенци им соопштиле дека планираат венчавка.
-Со оглед на тоа дека Филип и Александра се две години во врска и многу се сакаат, Брена и Бобо неколку пати ги прашаа кога ќе се земат. Иако не им вршеа притисок, ни едниот, ни другиот не криеја дека би сакале првенецот на Бобо поскоро да го видат оженет особено затоа што неговата избраничка многу им се допаѓа и со неа одлично се согласуваат, вели изворот и додава дека познатиот пар штом дознал за свадбата веднаш започнал со сите подготовки.
-Сите зборуваат за гала свадба со 500 гости, што Брена јавно и потврди, но тоа не е се што Филип ќе добие. Бобо и Брена се договорија да купат голем и убав стан на име на Филип, на локација која тој и Александра ќе ја одберат, посочува изворот на „ВИП“.
Истиот нагласува дека Брена не штеди на пари кога се работи за трајно вложување.