Принцот Хари и актерката Меган Маркл оваа сабота ќе стапат во брак, а светот со нетрпение ја очекува кралската венчавка.
Една од традициите кога се во прашање свадбените церемонии се и традиционалните свадбени овошни торти кои се дел од кралската трпеза.
Но овој пат принцот Хари и Меган наместо овошна торта подготвуваат нешто поспецифично кое се уште се крие во тајност.
Принцот Вилијам и Кејт како и многу претходни генерации пред нив ја почитуваа традицијата да се служи традиционален десерт на венчавката, додека сега на големо британските медиуми прашуваат дали принцот освен традиционалната торта ќе ја прекрши и другата традиција.
За разлика од американците кои го чуваат горниот дел од тортата во ладилник до првата година од бракот, кралското семејство го чува целиот најгорен кат торта и потоа истата се служи на детските крштевки.