недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца и Беквалац го делеа истото момче, а тој одбра трета за жена: Денес има две деца и е повлечен од јавноста – сопругата му е вистинска бомба (ФОТО)

Цеца и Беквалац го делеа истото момче, а тој одбра трета за жена: Денес има две деца и е повлечен од јавноста – сопругата му е вистинска бомба (ФОТО)

Манекенот Влада Вуксановиќ и неговата преубава сопруга Дахина уживаат во родителството, а доказ се фотографиите кои го објавуваат на социјалните мрежи додека уживаат со двете мазеници, Валентина и Теодора.

Децата во нивниот брак дојдоа како круна на нивната љубов, а манекенот и манекенката се најсреќни на целиот свет и тоа често го споделуваат со следбениците.

Овој пат тие уживаат во Швајцарија, а манекенката објави фотографија од целото семејство на куп, позирајќи пред едно езеро и планини во позадина.

-Чувство како од бајките, напиша таа под фотографијата.

Познатиот манекен по успешната кариера потполно се повлече од јавноста и се посвети на семејството и бизнисот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vladimir Vuksanovic (@vladavuks)

Иако имаше доста љубовни авантури по кој ќе биде запаметен, најмногу во јавноста се пишуваше за врската со пејачката Наташа Беквалац, но и кратката авантура со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Тој по врските со нив, реши да се посвети пронаоѓање на девојка која ќе му биде сопруга, но и мајка на нивните деца, а очигледно му се посреќи со оваа убавица.

Најнови вести