Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ се одлучи за уникатен подарок за својот внук Жељко Ражнатовиќ.
Имено пејачката се одлучи на внукот да му подари „Радосница“ (книга во која родителите ќе ги напишат сите важни моменти во животот на нивниот син).
Персонализираната книга која ја одбрала Цеца за внукот е во сина боја, а на неа изгравирано е и името на Жељко.
Фановите веднаш ја преплавија пејачката со коментари дека родителите на Жељко сигурно се пресреќни за овој уникатен подарок за нивниот син.