Синот на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко денеска стана татко.
Неговата сопруга Богдана е примена во приватна болница рано утринава, каде на свет го донела синот Жељко.
Бебето е родено тешко 3.360 грама, долго е 53 сантиметри и добило оцена 10 по раѓањето. Породувањето било со царски рез, а го извршил докторот кој ја породил Цеца со Вељко и Анастасија.
Тато Вељко, како што јавуваат српските медиуми, присуствувал на породување. Денеска му е роденден и на таткото на Богдана, па тој го доби најубавиот подарок – внукот Жељко.
Првите честитки на социјалните мрежи стигнаа токму од баба Цеца.
-Се роди. Се роди Жељко, објави Цеца на Инстаграм.