петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Јелена никогаш побрутална: „Цеца живее во куќа изградена од убиени и ограбени“…

Јелена никогаш побрутална: „Цеца живее во куќа изградена од убиени и ограбени“…

Роденденот на наследничката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ привлече големо внимание во медиумите и јавноста.

Меѓутоа, ни овојпат Јелена Карлеуша не остана должна и по којзнае кој пат без влакна на јазикот да ја прокоментира својата најголема ривалка.

Карлеуша на својот „Инстаграм“ напиша жестока порака.

„Со години се бранев од судските напади на оваа жена, не можев да ја сфатам Србија која во минатото славеше некој кој е познат по криминалот. Жена која беше поврзана со убијците на Зоран Џинџиќ, сопруга на воен злосторник која живее во куќа изградена од убиени и ограбени Бошњаци, Хрвати и Срби. Бев во фазон WTF, Србијо? Ме болеше неправдата бидејќи медиумите мене ме покажуваа како негативна личност, иако не згазив ни на мравка, а ја славеа затворска птица која на сметка на лажен патриотизам собираше евтини поени од примитивци. Сега кога ја гледам ваква, кога никој не се интересира за неа, сега кога пее само под шатори и кафулиња, сега кога се појавува во медиумите само кога ќе се поткачи со мене, чувствувам сожалување. Времето и кармата решаваат се“, напиша ЈК.

 

Најнови вести