Македонската пејачка Калиопи се прости преку социјалните мрежи од српскиот легендарен текстописец Марина Туцаковиќ.
Имено нашата пејачка и се заблагодари на Туцаковиќ за убавите стихови кои ги создала таа за неа.
-Драга моја Марина…
Длабоко во океанот, во најточните мисли… влегуваше со своите стихови во туѓите животи и таму остана… ти благодарам за овие стихови, му благодарам на небото што душата ми ја допре… твоето заминување е чиста НЕВИНОСТ, бидејќи живееше живот онаков каков што умеат да живеат само ретките билки… патувај мирно во светлината драга…, напиша Калиопи.
Пејачката објави и видео од песната чиј текст го напишала токму Марина.