Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана ужива во бременоста, а сите се грижат за неа посебно нејзината свекрва Цеца која едвај чека да пристигне внукот.
Имено Богдана не крие дека свекрвата и сопругот во се и помагаат и има најголема поддршка од нив двајца, па затоа и не нѐ чуди фактот дека не сака помош од никој за чување на бебето освен од Цеца.
-Цеца за Богдана веќе ангажираше нутриционисти и готвачи кои ќе се грижат за неа и ќе се потрудат се да помине во најдобар ред, меѓутоа Богдана инсистира таа да и биде поддршка околу се друго, вели извор близок до семејството.
Тој додава дека таа сака Цеца да се прашува за се, па нагласила и дека не сака дадилка и дека во Цеца има нај многу доверба, а тука се и Лидија и Анастасија, па нема потреба детето некој друг да и го воспитува.
-Богдана рекла дека Цеца веќе одгледала две деца, а Лидија има веќе четири, а тука се и нејзините сестри и мајка, па покрај сите нив не и треба дадилка- открива извор близок до семејството.