Откако целиот Балкан дозна дека Светлана Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирусот заедно со својот син, денеска српските медиуми како гром од ведро небо ги објавија резултатите на Богдана и нејзиното бебе направени во текот на вчерашниот ден.
Додека Вељко и Цеца се позитивни, нивната ќерка Анастасија е негативна на вирусот.
И додека целото семејство беше тестирано поради прославата за раѓањето на малиот Жељко каде и го добиле вирусот, дополнително беше тестирана и Богдана, нејзиното бебе и нејзините родители.
За српскиот портал „Ало“ ексклузивно мајката на Богдана ги открила резултатите.
-Штотуку ни стигнаа резултатите и фала му на Бога се негативни. Сите се негативни! Вклучувајќи ги и Богдана и бебето, сите сме добро, изјавила мајката на снаата на Цеца.
Таа додала дека речиси што не се онесвестила од среќа.