четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Никој не добил повеќе комплименти од Карлеуша: Мартинијан со одличен настап, Јелена со порака до Македонија (ВИДЕО)

Никој не добил повеќе комплименти од Карлеуша: Мартинијан со одличен настап, Јелена со порака до Македонија (ВИДЕО)

На талентираното момче кое ја претставува Македонија на „Ѕвездите на Гранд“ се чини дека на патот кон успехот ништо не може да го запре.

Така беше и со последниот негов настап, кога помина во петтиот круг на музичкото натпреварување.

Мартинијан ги испеа песните „Кад ти затреба“ на Сергеј Четковиќ и „Онај ко те љуби сретан је“ од Тони Цетински.

Силите си ги измери против Санел Смоло. Прво имаа ист број на гласови, но дури по баражот се знаеше дека двајцата одат понатаму.

Неговата менторка Јелена Карлеуша како и секогаш до сега, не штедеше комплименти за нашиот претставник. На Македонија и порача дека треба да биде горда на ова момче.

-Кукло една, змеју македонски. Пееше без грешка. Беше прекрасен. Не можам да ти најдам ниту една единствена забелешка. Беше перфектен. Македонија треба да се гордее со вакво момче. Браво, браво, браво. Мартинијан е добро момче, добра личност. Скромен, фин, чесен, јас немам зборови за тоа каков кандидат имам. Благодарна сум што си во мојот тим. Преубав си, презгоден и што е најважно имаш такво срце, толку си талентиран пејач, што јас ти предвидувам навистина светла кариера…, рече Карлеуша.

Но, тоа не беше крај на комплиментите….

Неговиот настап погледнете го во видеото во продолжение, почнувајќи од 39:00.

Најнови вести