Пејачката по месец дена молк откако беше претепана од својот поранешен сопруг, за прв пат објави фотографија на својот Инстаграм профил.
На фотографијата таа е со нејзината ќерка Хана која е од претходниот брак на пејачката, а двете галат коњ.
Според многумина пејачката веќе започнала нова страница во својот живот и успеала да ги прероди најтешките денови во животот.
Инаку на фотографијата Беквалац е насмеана, а фановите им се благодарни на семејството што и ја вратиле насмевката на лицето.