понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СЕ ОГЛАСИ И СУДОТ ПО КАРАНИЦАТА НА ЦЕЦА И КАРЛЕУША КАКО НА ПАЗАР – еве дали Јелена имала право да ја снима Ражнатовиќ, само една работа може да ја спаси!

СЕ ОГЛАСИ И СУДОТ ПО КАРАНИЦАТА НА ЦЕЦА И КАРЛЕУША КАКО НА ПАЗАР – еве дали Јелена имала право да ја снима Ражнатовиќ, само една работа може да ја спаси!

Втор ден големо внимание предизвикува караницата помеѓу Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша која вчера ја објави Карлеуша на својот Твитер профил.

По бурата на реакции во јавноста се огласија и од судот, а портпаролот на Првиот основен суд во Белград преку соопштение до јавноста потврди само во кои случаи може да се снима видео, аудио или пак да се фотографираат рочиштата.

„Ве исвестуваме дека за да се фотографира, снима или да се прибави аудио материјал во зградата на судот мора претходно да се добие писмено одобрение од претседателот на судот. Фотографирањето, аудиото и видео снимањето на рочиштата со цел јавно да се прикажат единствено ги одобрува претседателот на судот. При одобрување на фотографирањето, снимањето аудио или видео материјалот се води сметка за интересот на јавноста, интересот во постапката, приватноста и безбедноста на учесниците во процесот. Во сите други случаи, странците и другите учесници во постапката не смеат и не им е дозволено да фотографираат, снимаат аудио и видео материјали“, велат од судот.

Од таму велат дека портпаролот на судот за одредени предмети дава изјави и испраќа соопштенија до медиумите и јавноста.

Сепак, Карлеуша ова кривично дело го направила пред три години, со што истото е застарено, па во прашање е дали ќе има санкции кон неа.

Освен тоа не се знае ни како настанало истото и кој го снимал, пренесуваат српските медиуми.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Најнови вести