Пејачката Цеца Ражнатовиќ, која беше мета на критики од нејзиниот поранешен соработник Саша Видиќ, кој ја нарече „црна вдовица“, проговори за тема која долго време ја заинтригира јавноста – дали нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан „ја заклучил во куќата”.
– Кога се омажив за Жељко, сите велеа: „Ќе ја заклучат и ќе ја забулат од глава до пети, тоа е глупост!.
– Тој беше мојот најголем поддржувач, уживаше да ја гради кариерата на жената што ја сака. Секогаш ми велеше дека не смеам да ја напуштам работата. И, паднав во некое лудило, сакав да ја напуштам кариерата и да бидам само сопруга и мајка.Ме праша дали сум полудела!Ми рече дека сум родена за естрадата и дека секој што ќе ме поддржи да ја напуштам кариерата не ми мисли добро.Од него научив никогаш да не дозволувам некој да ме принуди да изберам помеѓу деловниот и личниот живот, рече Цеца и додаде дека Аркан на почетокот на бракот и предвидел дека ќе ја наполни Маракана.
– Ми кажа дека следен чекор е концертот на Маракана. Однапред виде се, имаше позитивно влијание врз мене и ме изгради. Благодарна сум му за тоа, само некој што ме сака безусловно може да го направи тоа.
Аркан беше убиен во 2000 година, а Цеца беше поврзана со многу мажи во годините што следеа. Цеца по раскинувањето со Богдан Срејовиќ вели дека „не барала ново момче“:
– Имав долги периоди на осаменост и си го скоцкав животот како што сакам. Живеам како што сакам и не ми треба маж за да бидам среќна. На крајот на краиштата, не ми треба партнер за да имам финансиска поддршка, можам да направи се сама. Сакам мир, понекогаш си велам „Боже, ти благодарам што можам да живеам вака и да имам апсолутна слобода“.