сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СТЈУАРДЕСА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ОТКРИ ШТО ПРАВАТ ВО АВИОН: Еден пејач си го земал кусурот од 2 евра, една пејачка барала да не седи во средниот ред, а Цеца е посебна!

СТЈУАРДЕСА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ОТКРИ ШТО ПРАВАТ ВО АВИОН: Еден пејач си го земал кусурот од 2 евра, една пејачка барала да не седи во средниот ред, а Цеца е посебна!
Poznati u avionu, Foto: AP Photo Risto Bozovic, © ATA Images

Познато е дека познатите личности доста време поминуваат патувајќи во авион, како би стигнале на некои настап или одмор. Многу од нив не кријат дека се плашат од летање, па и дури дека пијат по некоја чашка алкохол како би го пребродиле тој страв.

Српските медиуми поразговарале со анонимна стјуардеса која открила детали кои за некого се шокантни, но за некого сосема нормални.

Таа работи на сите летови од Белград кон Европа, а тоа се најчесто земјите како Германија, Шведска, Франција, Кипар…

-Многу познати личности ме изненадиле, а некои за кого сум имала убаво мислење ме разочарале, а додека за некои додека сум имала одредени предрасуди се природни и опуштени, за разлика од она што се прикажуваат во јавноста, вели таа.

Таа раскажува дека водителката Сања Маринковиќ направила цела драма бидејќи не сакала да ја качи торбата во пределот за багаж објаснувајќи и дека тоа е само процедура при полетувањето.

-Уште еден кој ме разочара со однесувањето е Аца Лукас, иако му пруживме ВИП третман и со сите членови на бендот го сместивме во првите редови, тој не покажа ниту малку благодарност. Прво го удри, а не го затвори делот за оставање багаж над главата каде што седеше, за време на летот плати храна и пијалак за целиот бенд, но не беше толку љубезен кон посадата, а воедно си го зеде и кусурот од две евра, вели таа.

Од друга страна додава оние што пријатно изненадиле биле Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Џани и Лепа Брена.

-Карлеуша го нема оној агресивен став како во медиумите, најнормално седела со своите танчари, се распрашуваше околу парфемите, дури и купи еден од 20 евра, а го испочитува и секој кој сакаше да се фотографира со неа. Од тогаш го променив мислењето за неа. Цеца беше со сестрата Лидија на Кипар, двете беа фини кон нас, а Лепа Брена е скроз природна, се гледа дека славата ниту малку не ја променила, вели таа.

Додава дека Дара Бубамара секогаш лета тип-топ средена и скоцкана и дека не и е проблем да седи на средното седиште помеѓу двајца други патници.

Сепак оној кој барал да биде преместен од таквото седиште бил пејачот Џани, завршува таа.

Најнови вести