четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Таа е најголемиот срам за овој народ“- нов напад на Карлуша кон Цеца: „Она е сè само не српска мајка“ (ФОТО)

„Таа е најголемиот срам за овој народ“- нов напад на Карлуша кон Цеца: „Она е сè само не српска мајка“ (ФОТО)

Српски медиум реши да сними документарец за фолк дивата Светлана Ражнатовиќ, а како што тврди, Јелена Карлеуша била поканета да учествува во проектот.

Карлеуша одбила да учествува во шоуто, кое го покажува карактерот и делото на Цеца од негативен агол. Карлеуша истакнува дека веќе „отворено проговорила“ за фолк дивата, па сега не сака да учествува, како што пишува, „во нејзиниот болен пад“. Во нејзин стил, Јелена упати обвинувања и навреди кон нејзиниот вечен ривал на социјалната мрежа Инстаграм.

– Ме повикаа да учествувам во овој документарец за Светлана Ражнатовиќ и да сведочам за злото што го доживеав од неа и нејзиниот тим. Одбив не затоа што немам што да кажам, туку затоа што зборувам за тоа веќе 20 години, јавно. Фактот дека луѓето штотуку ги отворија очите и сфатија која е оваа жена е друга тема! Таа е најголемиот срам на српскиот народ, затоа што народот ја нарекуваше „српска мајка“, и таа беше сè, но не и мајка, близок соработник на убијци и киднапери, воени злосторници, убијци на премиерот. Списокот е застрашувачки. Имав околу 20 години јавно да зборувам за тоа, додека бев сатанизирана. Сега, кога нејзиното заврши и таа е ирелевантна, не сакам да учествувам во болниот пад на таа жена. Но, таа сигурно го заслужи тоа – напиша Јелена Карлеуша.

Како и досега, Цеца не се огласи во врска со навредите на популарната пејачка.

Најнови вести