сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Татко му го напуштил, а Саша Поповиќ го одгледал како свое дете и вчера го ожени – синот на пејачката имаше само два збора да каже за вистинскиот татко!

Татко му го напуштил, а Саша Поповиќ го одгледал како свое дете и вчера го ожени – синот на пејачката имаше само два збора да каже за вистинскиот татко!

Синот од првиот брак на Сузана Јовановиќ го изговори судбоносното „ДА“ со својата избраничка Тијана во еден луксузен ресторан во Белград, а на свадбата покрај младенците, највесели биле мајката Сузана и нејзиниот сопруг Саша Поповиќ кој Даниел го гледа како свое дете.

Сузана го родила Даниел на неполни 18 години, а во една прилика кажала дека тој немал среќно детство, бидејќи неговиот биолошки татко го напуштил и не го интересирало за него.

-Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, така да тој не знаеше што се случува. Никогаш не му говорев ништо против татко му, сметам дека Бог на сите ќе им суди еден ден и дека секој ќе го добие тоа што го заслужува во животот. Дури кога Даниел тргна во основно училиште неговиот татко се сети да ни се јави и да праша за здравјето на својот син, со друга страна Даниел не патеше по него, едноставно не осетил таква потреба, раскажа во една своја прилика пејачката.

Тешкото детство на Даниел, сепак добил среќен крај, а Сузана вели дека двајцата имале голема среќа што го запознале Саша и што Даниел го прифатил со голема љубов.

Синот на пејачката, како што кажала во една друга прилика не ни сака да чуе за својот татко.

-Не заслужува да се споменува, а не сака ниту да зборува за него. Даниел израсна со Саша и тој му е вистински татко, се што научи, научи од него, вели Сузана.

Најнови вести