Коронавирусот речиси цела година ни е секојдневие кое ни носи стрес, напнатост, анксиозност, депресија, неизвеснот… но за жал за голем број и борба со вирусот.
Некои од македонските јавни личности кои се заразија и јавно зборуваа за тоа беа: Биба Додева, Миа Костова, Огнен Здравковски и неговата мајка Софче, Ивона Јовановиќ… а борбата ја изгуби Драган Вучиќ.
Сугурно има доста познати кои не прозбореле јавно за коронавирусот, но младата пејачка Теа Трајкова реши да го сподели своето и искуството на семејството со коронавирусот кој за среќа го поминале без поголеми последици.
View this post on Instagram
-Се мислев дали воопшто да го споделам ова тука, ама сметам дека е важно да се биде искрен и дека такa треба да се користат ваквите платформи, а не селективно прикажување на симпатичните, романтичните и инстаграм-естетските животни моменти. Последниов месец беше „real-life“ ролеркостер во секоја смисла. Денес, благодарна сум што сме сите на број, благодарна сум што не заразив никого бидејќи се изолиравме неколку дена порано и благодарна сум што поминавме низ ова без поголеми последици. Ситуацијата е пререална, никој од моите блиски кои иницијално се заразија не знаат од каде/кого и покрај придржувањето до мерките и внимавањето и што е најчудно дел од нас бевме негативни на првиот тест. Чувајте се и заштитете ги повозрасните околу вас! – завршува пејачка објавувајќи неколку фотографии на Инстаграм славејќи за животот.
Извор: Вистина.мк