Јелена Карлеуша отворено зборува за многу приватни работи, лични проблеми, па дури и интимни нешта кои не се за во јавност, но своите браќа Иван и Никола речиси никогаш и да не ги спомнала.
Всушност, се работи за нејзини полубраќа од вториот брак на нејзиниот татко Драган.
Јелена иако ретко зборува за нив, всушност е во добри односи и често поминуваат време заедно, а тие ѝ се и голема поддршка како во работата, но најмногу во приватниот живот.
Фотографијата на Инстаграм која е инаку од 2016 година и датира од времето на прославата на десетгодишшнината од бракот на Јелена и Душко Тошиќ, а ја објави брат ѝ Иван Карлеуша, а во описот напишал: „сестра и браќа“. На тоа, фолк дивата одговорила само со неколку срценца.