среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ја објави првата заедничка фотографија на Анастасија и Гудељ по загубата на бебето (ФОТО)

Цеца ја објави првата заедничка фотографија на Анастасија и Гудељ по загубата на бебето (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ пред неколку дена објавија дека го загубиле бебето.

Немања веста ја објави на својата инстаграм приказна, а Анастасија одлучи целосно да се повлече од јавноста. Таа ги исклучи своите профили на социјалните мрежи и не даваше изјави, а на јавен настан за првпат се појави пред два дена, кога го бодреше својот избраник во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта.

Неговиот тим на крајот триумфираше, а неговиот пријател објави видео на Инстаграм на кое се гледа како тој и Анастасија плачат од среќа поради победата на Немања.

Сега на истата социјална мрежа се огласи и мајката на Анастасија, Светлана Цеца Ражнатовиќ која објави фотографија од младиот пар, направена по споменатиот натпревар.

На фотографијата се гледаат Немања и Анастасија прегрнати на теренот завиткани во знамето на Србија.

„Најубави мои“, напиша Цеца покрај фотографијата.

Најнови вести