Анастасија Ражнатовиќ заедно со својата мајка и тетка се појавија на прославата на 30-от роденден на своето момче Ѓорѓе Кулиќ.
Имено момчето на младата пејачка Анастасија во еден луксузен ресторан во Белград собра голем број на пријатели по повод неговиот роденден, а меѓу нив беше и мајката на Анастасија, Цеца заедно со својата сестра Лидија.
-Цеца беше многу расположена и уживаше со гостите. Едноставно блескаше, додека Анастасија не се одвојуваше од своето момче Ѓорѓе. Цела вечер се гушкаа и сите ја забележаа нивната љубов која никогаш не била посилна, вели извор и додава дека атмосферата била многу весела.
Инаку Саша Матиќ бил главниот пејач на вечерта, додека пееле и Александра Младеновиќ и Цеца.