среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Повторно се појави на сцената на „Гранд“: Карлеуша и упати брутални коментари

Повторно се појави на сцената на „Гранд“: Карлеуша и упати брутални коментари

Иако и минатата година се проба во „Ѕвездите на Гранд“, македонската пејачка Џени Окело повторно реши да се натпреварува, но  доживеа невидено фијаско во емисијата кога на натпреварот заврши без ниеден освоен глас од жирито.

Како тоа да не беше доволно, Карлеуша упати тешки зборови кон оваа натпреварувачка:

-Па, еве вака. Прво, ти си Џени микс од Африканец и Македонка. Јас мислам дека и во Македонија многу поубаво се пее, а и во Африка пејат доста подобро отколку што ти покажа вечерва. Според мене ти си поминала само затоа што си атрактивен и неверојатен спој на мелез и нашата фолк музика што не е секојдневно да се види – рече Карлеуша, а потоа брутално продолжи.

-Јас мислам дека ти си една од ретките неталентирани полу-Африканки, а на сето тоа и си се облекла катастрофално. Изгледаш како да си голтнала некоја газела или антилопа и не си ја сварила, а на сето тоа си додала реси. Една ноќна мора – заврши Јелена.

И покрај бруталните коментари, Џени чиј татко е од Уганда, достоинствено ја напушти сцената.