понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Абрамович ја запре изградбата на новиот стадион на Челзи

Абрамович ја запре изградбата на новиот стадион на Челзи

Проектирањето и планирањето на новиот стадион на Челзи беше изненадувачки запрено. Ова стана јасно од кратка порака која беше објавена на официјалната веб страница на „сините“.

Од „Стемфорд бриџ“ објавија дека сите активности поврзани со изградбата на новиот клубски стадион, кој се очекуваше да го чини Роман Абрамович над милијарда фунти, сега се прекинати.

Одлуката беше донесена поради „неповолната инвестициска клима“, пишуваат од Челзи.

Неодамна, сопственикот на тимот од Лондон беше одбиен за обновување на својата виза во Англија, а неколку дена подоцна стана јасно дека добил израелско државјанство. Голем број медиуми објавија дека не е исклучено Абрамович да се пресели во Тел Авив.

МИА