четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Агентот на Левандовски одлета во Минхен за да разговара за договорот на напаѓачот со Баерн

Агентот на Левандовски одлета во Минхен за да разговара за договорот на напаѓачот со Баерн

Пини Захави, агентот на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, пристигна во Минхен, соопшти новинарот Фабрицио Романо.

Захави има намера да разговара за ситуацијата со договорот на 33-годишниот полски фудбалер со раководството на баварскиот клуб. Актуелниот договор на Левандовски е до крајот на јуни 2023 година.

Претходно беше објавено дека играчот може да се пресели во Барселона.

Левандовски е во Баерн од 2014 година. Во сезоната 2021/22, напаѓачот постигна 48 гола и шест асистенции на 43 натпревари за тимот. (МИА)