четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Агентот на Роналдо е во преговори за преселба на напаѓачот во ПСЖ

Агентот на Роналдо е во преговори за преселба на напаѓачот во ПСЖ

Жорге Мендеш, агентот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е во преговори за преселба на фудбалерот во Пари Сен Жермен.

Според новинарот Педро Алмеида, Луис Кампос, советник на претседателот на парижаните, бил во контакт со Мендеш за можен трансфер на 37-годишниот Португалец.

Роналдо пропушти голем број тренинзи на Манчестер јунајтед. Беше објавено дека фудбалерот ќе ја пропушти претсезонската турнеја на клубот во Тајланд и Австралија поради семејни причини.

Португалецот се врати во Манчестер јунајтед во август 2021 година, а претходно играше за „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година.

Минатата сезона Роналдо на 38 натпревари за Манчестер јунајтед постигна 24 гола и направи три асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на петкратниот освојувач на Златната топка на 30 милиони евра.