Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро најверојатно ќе остане надвор од терените до ноември. Ова го изјави за Би-Би-Си менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
Триесет и две годишниот Аргентинец го оперираше коленото во јуни и ги пропушти последните 12 натпревари на Манчестер Сити од сезоната 2019/20.
– Знаевме дека станува збор за сериозна повреда. Тој се уште не тренираше со првиот тим и Серхио не е еден од играчите кои брзо се опоравуваат. Тој е надвор од теренот подолго време, па ќе му треба уште еден месец или два за закрепнување, предвиде Гвардиола.