Договорот на Франк Рибери со Баерн Минхен истекува на крајот од сезоната, а францускиот фудбалер нагласува дека е нестрплив да се реши неговиот статус.
Меѓутоа, раководството на баварскиот клуб наведе дека прво планира до крајот на април да го реши прашањето околу идниот тренер, а дури потоа ќе се занимава со договорите на Рибери и неговиот клупски колега Ариен Робен.
Французинот, кој од 2007 година ги брани боите на Баерн, посакува да остане во Минхен.
Германски „Шпорт билд“ објави дека Рибери е разочаран од фактот дека по толку години стаж клубот се уште го држи во неизвесност и тоа го смета за неблагодарност. Според весникот 34-годишниот фудбалер има понуди од Кина, но дека претпочита да остане во Минхен.
Доколку неговата желба не се исполни, Рибери најверојатно ќе замине за Кина