среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри за Роналдо: Има многу еуфорија и тоа не е добро

Алегри за Роналдо: Има многу еуфорија и тоа не е добро

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри прокоментира дека има сериозна еуфорија околу новата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо и според Италијанецот, ова не е добро.

Роналдо официјално премина во Јувентус пред десетина дена. За петкратниот добитник на „Златната топка“, „бјанконерите“ ќе платат 117 милиони евра.

– Кристијано има големо меѓународно искуство и многу ќе ни помогне, но треба да бидеме внимателни. Околу него има премногу еуфорија, тоа не е добро. Оваа година ќе биде потешка од другите. Нашите противници ќе бидат многу поагресивни, бидејќи имаме многу успеси во последниве години, а сега ни се придружи многу познат играч, изјави тренерот на „старата дама“.

Јувентус денеска ќе игра против Бенфика на пријателски натпревар, дел од Интернационалниот куп на шампионите. Средбата е од 19.05 часот на Ред Бул Арената во Њу Џерси, САД.