петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Александар Вучиќ му испрати јасна порака на играчот на Реал: Почитувај го законот или ќе те апсиме

Александар Вучиќ му испрати јасна порака на играчот на Реал: Почитувај го законот или ќе те апсиме

Лука Јовиќ наместо да биде пример за сите граѓани во Србија, тој прв ги прекрши наредбите во својата земја. Откако не ги послуша препораките на Реал Мадрид, не го испочитува задолжителниот карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од земји кои се со висок ризик на зараза со коронавирус.

Иако станува збор за репрезентативец и познато фудбалско име, во Србија ниту една институција нема да му прогледа низ прсти. На оваа тема се огласи и претседателот, Александар Вучиќ.

„Овие млади луѓе заработуваат милиони и мислат дека можат да прават што сакаат, но животот на најстарите, но и останатите ни е најважен. Сите кои не ги почитуваат законите ќе бидат казнети, сигурен сум дека и двете момчиња кои се споменуваат, веќе е поднесена пријава. Ако се обидат да излезат уште еднаш, ќе бидат упасени во истиот момент. Едниот е во хотел, а другиот во апартман. Точно знаеме каде се, ако излезат надвор, ќе бидат приведени“, рече Вучиќ.