Американската фудбалска репрезентација нема преголем императив на Светското првенство во Катар, но Пулишич, МекКени, Рејна и останатите ќе се обидат да си обезбедат статус на пријатно изненадување.
Во пресрет на мундијалското деби, американските репрезентативци добија специјална поддршка пред почеткот на средбата, што веројатно ќе им биде дополнителна мотивација.
Американскиот претседател Џо Бајден оствари телефонски разговор со членовите на националниот тим, потенцирајќи ја поддршката од нацијата и посакувајќи да ги шокираат противниците.
The @USMNT got a call from President Joe Biden just before the World Cup 🇺🇸 pic.twitter.com/XnsxYxLxLs
— USMNT Only (@usmntonly) November 20, 2022
Репрезентацијата на САД го отвора настапот во Катар веќе утре, со натпреварот против Велс закажан од 20 часот.