понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ањели со мрачна прогноза за финансиите во фудбалот

Ањели со мрачна прогноза за финансиите во фудбалот

Европските фудбалски клубови се соочуваат со сериозна финансиска криза и трансфер пазарот може да потоне за 20-30 проценти поради пандемијата на КОВИД-19, изјави претседателот на Европската асоцијација на клубови – Андреа Ањели.

Според Ањели, Европскиот фудбалски штаб (УЕФА) вратил 575 милиони евра на телевизиските компании поради намалениот број на натпревари оваа година. Пандемијата ги запре сите големи фудбалски шампионати од март до барем на крајот на мај, а Европското првенство во фудбал е одложено за една година. Прекината е и последната фаза на европските клупски турнири.

– Овие пари нема да бидат распределени меѓу клубовите затоа што се враќаат на ТВ-операторите. Ова може да доведе до драматичен пад на приходите и да доведе до недостаток на средства за повеќе клубови, предвидува Ањели, кој е и шеф на италијанскиот фудбалски шампион Јувентус. .

Тој посочи дека недостатокот на гледачи на стадионите ќе биде особено тежок за клубовите, бидејќи не само што се губи атмосферата на натпреварот, туку и многу важен дел од приходите на одделните тимови.

– Треба да почекаме до есента, но прогнозите се дека вкупните приходи ќе се намалат за од 20 до 30 проценти и ќе доведат до многу помала циркулација на пари на пазарот, додаде Италијанецот. (МИА)