Фудбалскиот премиерлигаш Вулверхемптон ја прекинаа серијата од осум натпревари без триумф во Премиер лигата. На „Молињу“, Вулверхемптон во дербито го победија Арсенал со 2:1. Мечот го обележаа двата црвени картон за фудбалерите на Арсенал.
Арсенал, доминираше против Вулвс, во првиот дел, меѓутоа од таа доминација постигнаа само еден гол, преку Пепе во 32.минута. Меѓутоа, се она што го градеа во првиот дел, падна во вода во четвртата минута од судиското надополнување на времето.
Давид Луиз, невнимателно стартуваше врз Вилијан Жозе, за стартот доби црвен картон, а Рубен Невеш израмни на 1:1.
На самиот почеток од вториот дел, во 49.минута, Жоао Мутињо испрати проектил од 25 метри кој заврши во голот на Лено.
Со играч повеќе Вулвс ја контролираа играта, а победата ја обезбедија во 73.минута, кога голманот Лено доби црвен картон. Германецот, играше со рака, надвор од својот шеснаесетник.
До крајот, Вулвс, имаа две шанси, меѓутоа Рунарсон излезе како победник од дуелите со Педро Нето.
Шефилд јунајтед, со пресврт во дуелот со ВБА, дојдоа до третата победа во сезона, втора во последните три натпревари. Филипс во 41.минута погоди за предност на ВБА, а во второто полувреме Богл во 59. и Шарп во 73.минута, постигнаа голови за триумф на Шефилд јунајтед.