Речиси сигурното заминување на Роберт Левандовски во Барселона е знак за Баерн дека му треба нов напаѓач.
Според AS, тоа би можел да биде Кристијано Роналдо, за кој се вели дека ја сменил одлуката и е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед.
„Ако заминувањето на Левандовски беше еден од најголемите трансфери ова лето, бомба, нiшто помалку не би било и доаѓањето на Роналдо во германскиот шампион. Неговите претставници веќе се запознаени со идејата и позитивно гледаат на неа. Сепак, Роналдо има повеќе понуди“, се вели во текстот.
Се тврди и дека Баерн би можел да биде добра дестинација во однос на амбициите на Роналдо. Борбата за титулата во германската Бундеслига се подразбира, но и Баерн е клуб со кој би можел да атакува на нов трофеј во Лигата на шампионите.
Доколку успее да го привлече Роналдо, Баерн ќе стане крал на преодниот рок, се додава. Со веќе потврденото доаѓање на Садио Мане, германскиот шампион би имал напаѓачка двојка за победа од соништата.
„Овие две ѕвезди ќе им се придружат на Милер, Сане, Коман, Гнабри… и за многумина ќе го формираат најсилниот напад на светот“, се заклучува.